недела, 26 април 2026

Флорентино Перез сака да го пресели Реал Мадрид во Премиерлигата!

Објавено на

часот

Сподели

Флорентино Перез е во војна со претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас. Претседателот на Реал Мадрид посотојано гледа како клубот да може да заработува повеќе. Откако пропадна идејата за Суперлигата, сега има друго на ум.
 
„Мундо Депортиво“ пишува дека поради постојаните напади од Тебас, Флорентино Перез почнал да анализира дали може да го пресели Реал Мадрид во Премиерлигата.
 
Тој разгледува и други лиги како Серија А и Бундеслигата, но ја гледа Премиерлигата како најатрактивно првенство за неговиот Реал Мадрид.
 
Се чини дека и оваа желба на Флорентино Перез е само утопија, не се верува дека некоја европска лига ќе го сруши целиот свој систем за да внесе клуб од друга земја, па дури и тоа да е Реал Мадрид.
 
Ваквите вести кој на некој начин се закана од Перез за Тебас дека Реал Мадрид може да ја напушти Ла Лига, повеќе може да се оценат како притисок за остварување на своите цели.
 
Со заминувањето на Меси, а претходно и на Роналдо, се намалува атрактивноста на шпанската лига, а тоа е удар за Барселона и Реал Мадрид.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ