недела, 3 мај 2026

Феникс никако да запре, триумф над Голден стејт за 17. победа по ред (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Сонцата од Феникс продолжуваат да блескаат, синоќа одиграа ушште една моќна партија и го совладаа Голден стејт. 
 
Натпреварот беше изедначен, никој не се одлепи со двоцифрена разлика освен Феникс во самиот финиш од мечот кога двапати поведе со по десет поени предност. Тие одиграа подобро во последниот период и го добија мечот со 104-96.
 
Ајтон со 24 поени и 11 скокови беше најдобар кај Феникс, во тимот на Голден стејт Пул реализираше 28, Кари беше одлично чуван и постигна за него скромни 12 поени.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=KLbYAxQdjC8 autoplay:0]
 
Лејкерс губеше и со 13 поени разлика во текот на втората четвртина на гостувањето кај Сакраменто, но одигра фантастично второто полувреме кое го доби вкупно со 67-33 и на крајот победи со 117-92.
 
Леброн не играше на овој меч, најдобар беше Дејвис со 25 поени, Вестбрук постигна 23, Монк 22. Најефикасен кај Сакраменто беше Холмс со 27 поени.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=L3vD9Uh7Z9k autoplay:0]
 
Резултати:
 
Бруклин – Њујорк 112:110
Торонто – Мемфис 91:98
Феникс – Голден стејт 104:96
Портланд – Детроит 110:92
Сакраменто – ЛА Лејкерс 92:117
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ