Барди станува легенда на Леванте, македонскиот фудбалер е четвртиот играч на овој клуб по бројот на настапи во Ла Лига. Неговиот меч против Атлетик Билбао беше вкупно 126ти.
Пред него се само Моралес со 223, Роџер со 159 и Хуанфран со 153 настапи за Леванте во Ла Лига.
„Горд сум што сум дел од историјата на овој клуб и што сум во друштво со Педро Лопез, Моралес, Роџер и Хуанфран. На Педро му реков дека не ни сонував дека ќе одиграм толку многу мечеви. Среќен сум во Леванте и ќе направиме сѐ за да избориме опстанок затоа што навивачите го заслужуваат тоа. Никој не ни размислува да се предаде во оваа битка“, изјави Барди.






