Вечерва со дуелот меѓу Брентфорд и Арсенал почнува новата сезона од Премиерлигата. Валенсија и Хетафа ја отвараат Ла Лига, а прв меч во Бундеслигата е дуелот меѓу Борусија Менхенгладбах и шампионот Баерн Минхен.
Сезоната во Серија А започнува следниот викенд, а во француската Лига 1 на програмата е второто коло.
Летниот преоден рок кој се уште трае донесе некои сериозни поместувања во екипите па ќе биде интересно да се види како ќе изгледа Барселона без Меси, дали ќе функционира дрим-тимот на ПСЖ, колку конкурентен ќе може да биде Интер без Конте, Лукаку и Хакими, како ќе изгледа дефанзивата на Реал Мадрид без Рамос и Варан …






