сабота, 2 мај 2026

Дресовите со ликот на Марадона не се покажаа среќни, само реми за Наполи и Елмас против Верона (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалерите на Наполи на денешниот натпревар имаа дресови во чест на Марадона, со ликот на легендарниот Аргентинец.
 
Но, не успеаа да дојдат до трите бода против Верона која натпреварот го заврши со девет фудбалери.
 
Верона поведе уште во 13. минута со гол на Симеоне, но израмнувањето стигна брзо, по само пет минути Ди Лоренцо изедначи на 1-1.
 
Елмас во игра влезе во 62. минута, но не успеа да му помогне на својот тим да направи комплетен пресврт и да дојде до победата.
 
Верона во самиот финиш поради двојни жолти картони остана со двајца фудбалери помалку, најпрво во 88. минута Беса беше исклучен, а во 93. минута и Калиниќ го снајде истата судбина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ