недела, 26 април 2026

Доаѓањето на Меси не го предомислува Мбапе, тој сака да си оди од ПСЖ уште овој месец

Објавено на

часот

Сподели

ПСЖ во овој преоден рок ги донесе Меси, Рамос, Донарума, Хакими и Вајналдум, создаде дрим-тим, но има проблем да го убеди Мбапе да потпише нов договор.

Со новите засилување клубот ја потврдува амбицијата да биде најдобар во Европа, но тоа очигледно не го интересира Мбапе, тој сака трансфер во некоја од посилните европски лиги.

Според „АС“ односот меѓу Мбапе и Леонардо е нарушен, фудбалерот сака да замине од ПСЖ и тоа ако може да биде продаден уште овој месец.

Газдата на ПСЖ, Ал Келаифи дури размислува да го тргне Леонардо од преговорите со Мбапе и со друг приод да се обиде да го убеди фудбалерот да стави потпс на нов договор.

Засега ставот на Мбапе останунва цврст, а ПСЖ ако не го продаде овој месец, ризикува да го загуби беслатно следното лето кога му истекува договорот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ