недела, 26 април 2026

Динамо Загреб ја победи Легија во Полска и се пласира во плеј-офот од ЛШ

Објавено на

часот

Сподели

Динамо Загреб на свој терен одигра 1-1 против Легигја, но го доби реваншот на гостински терен со 1-0.
 
Единствениот гол го постигна Фрањиќ уште во 20. минута од натпреварот.
 
Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар, Адеми поради повреда не беше во составот.
 
Во плеј-офот Динамо Загреб ќе игра против Шериф кој ја елиминираше Црвена звезда.
 
Интересно беше во Глазгов каде Малме го шокираше Ренџерс победувајќи го со 2-1.
 
Швеѓаните со 2-1 отпатуваа во Шкотска, а Ренџерс вечерва поведе во 19. минута со гол на Морелос и ја анлираше негативата.
 
За случувањата да бидат поинтересни, Бонке пред крајот на првиот дел доби втор жолт картон и Малме остана со фудбалер помалку.
 
Се чинеше дека Ренџерс имаше голема предност, но Малме и покрај тоа што играше со 10 фудбалери, со голови на Чолак во 53. и 58. минута успеа да го сврти резултатот, да победи со 2-1 и да се пласира понатаму.
 
Резултати: (во заграда се резултатите од првите мечеви)
 
Шериф – Црвена звезда 1-0 (1-1)
Славија Прага – Ференцварош 1-0 (0-2)
Шахтар – Генк 2-1 (2-1)
Лудогорец – Олимпијакос 2-2 (4-1пен) (1-1)
Митјиланд – ПСВ 0-1 (0-3)
Монако – Спарта Прага 3-1 (2-0)
Јанг Бојс – Клуж 3-1 (1-1)
Бенфика – Спарта Прага 2-0 (2-0)
Легија – Динамо Загреб 0-1 (1-1)
Ренџерс – Малме 1-2 (1-2)
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ