недела, 3 мај 2026

Дибала и Мората го вратија Јувентус на победничката патека (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

По дебаклот на Стемфорд Бриџ во Лигата на шампионите и домашниот пораз од Аталанта во Серија А, Јувентус се израдува на победа.
 
Дибала уште во 21. минута донесе водство на Јувентус, а седум минути подоцна можеше да биде и 2-0, но ВАР го поништи погодокот на Кјелини.
 
Конечните 0-2 ги постави Алваро Мората во 70. минута, само четири минути подоцна откако влезе во игра.
 
Во овој термин се одигра и мечот меѓу Верона и Каљари кој заврши без голови 0-0.
 
Претходно Аталанта со 4-0 ја победи Венеција, а Фиорентина со 3-1 славеше над Сампдорија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ