Џенова имаше катастрофален старт на мечот, по само 10 минути игра Перуџа имаше водство од 2-0, со голови на Карета и Лиси.
Во 26. минута Кришито од пенал постигна гол, а 15 минути подоцна Перуџа остана со фудбалер помалку поради црвен картон на Курадо.
Веднаш Хернани постигна гол за израмнување на 2-2.
Со почетокот од второто полувреме влезе и Горан Пандев.
Џенова напаѓаше со сите сили, а победничкиот гол дојде во 88. минута кога Калон прекрасно пласираше за конечни 3-2.
Во следното коло од купот Џенова ќе игра со подобриот од мечот меѓу Салернитана и Реџина.






