сабота, 2 мај 2026

Дембеле по пауза од 164 дена одигра 25 минути и се повреди!

Објавено на

часот

Сподели

По пауза од од 164 дена, Осман Дембеле заигра фудбал во дресот на Барселона, и доби 25 минути против Динамо Киев во Лигата на шампионите.

Се говори дека тој е еден од играчите со кои Чави планира да го промени стилот на игра, но останува да се види колку новиот тренер ќе може да смета на Французинот, Барселона попладнево соопшти дека тој одново се повредил.

„Каталонците“ брифираат дека се работи за задна ложа на левата нога, и во моментов не е познато колку време Осман Дембеле ќе биде надвор од стројот.

Напаѓачот никако да има континуитет од натпревари, и од повреда влегува во повреда. Во целата приказна добро е само тоа што повредата не е поврзана со таа од јуни месец во дресот на Франција, поради која мораше да прави операција во Финска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ