Црвена звезда одигра бледо и загуби од Шериф иако голот кој го примија беше сомнителен.
Единствениот гол беше постигнат во судиското продолжение од првото полувреме кога Арболеда реализираше со глава за водство на Шериф од 1-0. Погодокот можеби беше постигнат од офсајд, но нема ВАР во оваа фаза од натпреварувањето.
Во второто полувреме јалови беа нападите на Црвена звезда, Шериф создаде повеќе шанси од контра напади, но резултатот остана ист.
Црвена звезда плати за ремито на свој терен од 1-1.
Но тука не завршува европската сезона за Црвена звезда, тие како поразени ќе играат плеј-оф за Лига Европа, а ако загубат ќе играат во групната фаза од Конференциската лига.






