недела, 3 мај 2026

Црвена звезда го победи Лудогорец, реми за Динамо Загреб против Генк

Објавено на

часот

Сподели

Црвена звезда со прекрасен гол на Иваниќ го победи Лудогорец со 1-0 и освои три бода.
 
Но во оваа група Митјиланд со 3-2 ја совлада Брага и направи вистинска мешаница во групата.
 
Црвена звезда е прва со десет бода, но во последното коло ќе треба да остане непоразена против Брага доколку Митјиланд победи на гостувањето кај Лудогорец.
 
Табела: Црвена звезда 10, Брага 9, Митјиланд 8, Лудогорец 1
 
Адеми се врати во составот на Динамо Загреб, беше стартер против Генк и одигра 75, минути, Ристовски беше на клупата.
 
Динамо поведе со гол на Менало во 35. минута, десет минути Генк израмни со гол на Удбо.
 
Вест Хем со 2-0 победи кај Рапид Виена и го завери првото место во групата.
 
Ако Генк во последното коло ја победи Рапид Виена, Динамо Загреб ќе мора да остане непоразен на гостувањето кај Вест Хем.
 
Табела: Вест Хем 13, Динамо Загреб 7, Генк 5, Рапид Виена. 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ