Клубот од Стемфорд Бриџ оваа недела го врати Ромелу Лукаку во своите редови за 115 милиони евра (околу 97,5 милиони фунти).
Според новинарот Кристијан Фалк, пред да се реализира овој трансфер, на Челси му бил понуден Роберт Левандовски. Агентот Пини Захави стапил во контакт со раководството на „сините“ и ги известил дека можат да го купат Полјакот за 80 милиони евра.
Сепак, управата на Челси ја одбила можноста да го ангажираат Роберт Левандовски, сметале дека оваа сума е превисока за 32 годишен фудбалер.






