сабота, 2 мај 2026

Чави пред повеќе од 25.000 фанови на Камп Ноу, го потпиша договорот со Барса: Ова е остварување на мојот сон

Објавено на

часот

Сподели

Чави од денеска и официјално ја почнува својата авантура како тренер на Барселона, откако стави потпис на договор до јуни 2024 година.

Интересно, потпишувањето на договорот не се случи во канцелариите на Барселона, тука на самиот стадион Камп Ноу, каде беше и презентиран пред повеќе од 25,000 фанови.

„Ова е остварување на сoнот. Во 2015 година, мојот сон беше да се вратам со најголемата одговорност и возбуден сум поради тоа“, вели Чави.

Треба да работиме напорно. Со нетрпение чекам да почнам. Чувствувам дека Барса е мој дом, но знам дека имам многу голема одговорност. Знам дека дојдов во комплициран момент за клубот, но се чувствувам подготвено“.

„Мојата ДНК не е променета. Идејата да се биде протагоност, да се има топката, да се креираат шанси, интензивна Барса. Треба да вратиме многу работи“.

„Тоа што го знам клубот мислам дека ми е предност. Го знам од внатре и надвор. Ќе имаме интензивни моменти, но треба да бидеме заедно, да одиме во иста насока. Треба да бидеме едно, да освојуваме титули“.

„Предност е што ги знам фудбалерите. Бускетс, Пике, Алба и Тер Штеген ми беа соиграчи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ