недела, 26 април 2026

Биелса жали што Алиоски си заминал од Лидс: Знам дека сакаше да остане, но…

Објавено на

часот

Сподели

Марсело Бјелса попладнево разговараше со новинарите во пресрет на дуелот против Манчестер јунајтед во воведното коло од новата сезона во Премиерлигата.

Едно од прашањата беше за нашиот Езгјан Алиоски, кој по четири години стави крај на авантурата во Лидс откако не успеа да пронајде согласност со раководството на клубот за продолжување на соработката.

„Многу сум тажен. Поради фудбалскиот дел се разбира, но особено поради човечкиот дел. Имам голема почит кон него. Знам дека сакаше да продолжи, и знам дека клубот сакаше да го задржи. Сепак, има преговори, двете страни имаа свои интереси, во прашање се и финансии. На крајот преговорите завршија без да се пронајде договор“ – вели стратегот од Аргентина.

Езгјан Алиоски, кој со своите лудории и пожртвуваност на теренот се промовираше во омилен лик во соблекувалната но и помеѓу навивачите, кариерата реши да ја продолжи во Саудиска Арабија, во редовите на Ал Ахли.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ