Лео Меси веќе е историја во Барселона, но Аргентинецот и „каталонците“ треба да расчитат неколку работи. Според денешното издание на Спорт, една од овие работи е долг од дури 52 милиони евра.
Кога фудбалот запре поради пандемијата на ковид-19, Барселона со фудбалерите договори одложување на исплатата на плати. За да се амортизира финансискиот удар, тогашниот претседател Жозеп Мариа Бартомеу ги убеди фудбалерите привремено да се откажат од примањата, и истите да бидат исплатени во следните години.
Според Спорт, во случајот на Лео Меси, станува збор за 52 милиони евра. Па адвокатите на двете страни сега преговараат за начинот на кој ќе се подмири долгот. Барселона планира сумата да биде исплатена на неколку рати во текот на 2021 и 2022 година.






