Малку добри вести за Роналд Куман, Барса утре ќе ги регистрира Мемфис Депај и Ерик Гарсија, па напаѓачот и дефанзивецот ќе бидат на располагање за воведното коло од првенството на Шпанија.
„Каталонците“ минатата недела останаа без Лео Меси поради преголемиот буџет за плати, а се шпекулираше дека тие нама да можат да ги регистрираат и новите засилување.
Сепак, Емерсон беше регистриран бидејќи не се работи за трансфер, односно десниот бек се враќа од позајмица во Бетис, додека пак младиот Јусуф Демир се води како фудбалер на Барса Б.
Раководството на Барса сега верува дека нема проблем да ги регистрира и Мемфис Депај и Ерик Гарсија, утре ќе ја достави потребната документација до Ла Лига, и двајцата ќе можат да настапат против Реал Сосиедад во недела.
Кун Агуеро е повреден, ќе паузира околу два месеци, па нема да се брза со неговата регистрација.






