Попладнево голем број на извори од Шпанија објавија дека Чави дал зелено светло за ангажман на Дани Алвеш па раководството на Барселона ги финализира преговорите со десниот бек.
Вечерва пристигна и официјална потврда, „каталонците“ соопштија дека начелно е постигнат договор со Дани Алвеш за соработка до крајот на сезоната.
Бразилецот следната недела ќе се појави на тренинг но за своето деби ќе почека до 1. јануари.
Back in DA house! pic.twitter.com/qicb8RRc1h
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 12, 2021






