Меѓу членовите на веќе бившиот стручен штаб на Кугуарс беше и главниот тренер Ник Роловиќ, кој е со црногорско потекло.
Четириесет и двегодишниот Роловиќ никогаш јавно не ја објасни својата одлука, објавена уште во јули, зошто избрал да не се вакцинира.
Како што наведува Ју-Ес-Еј тудеј, Роловиќ поднел барање од верски причини да биде ослободен од задолжителната вакцинација за државните службеници, чиј рок истече на 18 октомври.
Неговото барање за ослободување е одбиено, па Роловиќ веќе не ги исполнува условите за работа на Вашингтон стејт.
Роловиќ, кој годишно заработуваше три милиони долари, имаше договор до јуни 2025 година.
Играчите, како што напиша во својата објава на Твитер квотербекот на Кугуарс Џејден де Лаура, се „тажни, бесни и разочарани” поради отказот на Роловиќ.
Од друга страна, додаде тој, „тимот е поважен од кој било поединец”.
Ниеден друг тим во историјата на американскиот универзитетски фудбал не се има соочено со ваква ситуација.
Роловиќ и неговиот стручен штаб имаат 15 дена да поднесат жалба на решението за отказ.






