Со завршувањето на јуни, заврши договорот меѓу Езгјан Алиоски и Лидс, нашиот фудбалер сега е слободен играч.
Понудата од Лидс до Алиоски за продолжување на договорот се уште е на маса, тој наскоро треба да реши дали ќе стави потпис на нов договор со англискиот клуб и ќе остане во Премиерлигата или ќе замине во друга земја.
Интерес за Алиоски има од Турција, кадед се поврзуваше со Галатасарај, Фенербахче и Трабзонспор.
Но се пишуваше дека за него има интерес и од ЦСКА Москва, Селтик…
Иднината на Алиоски се очекува да биде решена во брзо време, останува да видиме која ќе биде неговата следна дестинација.






