сабота, 2 мај 2026

Ал Сад и посака добредојде на делегацијата на Барса па порача: Не го даваме Чави!

Објавено на

часот

Сподели

Делегација на Барселона вечерва пристигна во Доха за да постигне договор со Ал Сад за враќање на Чави на Камп Ноу.

И додека медиумите шпекулираа дека практично се е завршено, од Ал Сад испратија порака која го олади оптимизмот кај „каталонците“.

„И посакуваме добредојде на административната делегација на Барселона, ја цениме и почитуваме нивната посета. Но позицијата на клубот е јасна од самиот почеток, сакаме да го задржиме Чави и не можеме да му дозволиме на тренерот да не напушти во овој деликатен период од сезоната“ – изјави Турки Ал Али.

Во моментов, Ал Сад има натпревар против Ал Духали, по кој следи пауза во првенството на Катар до средината на декември.

На трибините се присутни и потпретседателот на Барселона, Рафа Јусте и спортскиот директор Матеу Алемани, кои беа во дружтво на агентите на Чави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ