петок, 5 јуни 2026

ФИФА забрани вувузели на Светското првенство

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), донесе одлука да ги забрани вувузелите за време на престојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико.

Објавено на

часот

Сподели

Пластичните труби кои се појавија на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, а потоа ги имаше и на другите натпреварувања, нема да бидат дозволени на престојниот мундијал.

За многумина фанови овие звуци беа иритирачки, па голем број љубители на фудбалот ја поздравија ваквата одлука на ФИФА.

Според Кодексот за однесување на стадионите на ФИФА, покрај вувузелите се забранети и свирчиња, труби и сите други уреди што создаваат прекумерна бучава. На листата на забранети предмети се наоѓаат и ласерски покажувачи, уреди што емитуваат ласерски зраци, како и слична опрема.

ФИФА воведе ограничувања и за внесување шишиња за вода за повеќекратна употреба, повикувајќи се на безбедносни причини. На навивачите кои нема да ги почитуваат правилата може да им биде одбиен влез на стадионите.

Светското првенство како што е познато почнува на 11 јуни и ќе се игра 19 јули во САД, Канада и Мексико.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ