вторник, 2 јуни 2026

Елмас: Турција може до четвртфиналето на Мундијалот

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас имаше само пофални зборови за Турција по пријателскиот натпревар во Истанбул, а посебно го воодушеви атмосферата на стадионот во Кадикој каде што повторно настапи по пауза од седум години.

Објавено на

часот

Сподели

Далиќ го објави конечниот список: Модриќ ќе ја предводи Хрватска на Светското првенство

Поранешниот фудбалер на Фенербахче во разговор со турските медиуми истакна дека домаќините имаат исклучително квалитетен состав и верува дека можат да стигнат далеку на претстојното Светско првенство.

Поминаа седум години откако последен пат бев во Кадикој. Атмосферата беше одлична и навистина беше убав натпревар. Сите фудбалери на Турција играат на високо ниво. Тие се едно скалило пред нас. Мислам дека Турција може да стигне до четвртфиналето на Светското првенство“, изјави Елмас.

Македонскиот интернационалец се осврна и на својата иднина, но потенцираше дека засега не размислува за промена на средината.

Во овој момент не размислувам за трансфер. Сакам прво да одам на одмор. Ја сакам Турција и би сакал еден ден да живеам во Истанбул. Се надевам дека во иднина повторно ќе заиграм во турскиот шампионат“, додаде Елмас.

Елмас во 2017 година пристигна во Фенербахче од Работнички, а две години подоцна направи трансфер во Наполи вреден 17,7 милиони евра. Потоа кариерата ја продолжи во РБ Лајпциг во зделка вредна 24 милиони евра, додека минатата сезона ја мина како позајмен фудбалер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ