Причината лежи во инвестиција направена пред речиси 60 години, која и денес им носи неверојатни привилегии. Стадионот „Азтека“ беше изграден пред Летните олимписки игри во 1968 и Мундијалот во 1970 година и тогаш беше проектиран за 100.000 што го правеше еден од најголемите во светот.
Сепак, за време на изградбата ненадејно недостасувале финансиски средства, а на крајот за изградбата да се доврши биле предвремено продадени 600 ВИП „боксови“ со просечен капацитет од десет лица и уште 8.000 седишта за возврат сопствениците добиле гаранција дека ќе можат бесплатно да ги гледаат сите настани на стадионот во наредните 99 години односно до 2065 година.
Тоа значело дека без разлика дали станува збор за фудбалски натпревар на Клуб Америка или Мексико, концерт или било каков друг настан овие сопственици бесплатно можеле да присуствуваат. Ваквата ситуација не создаде никаков проблем на Мундијалот во 1970 година, но се променија во 1986 кога ФИФА побарала контрола врз сите билети.
Но, таквите обиди немале премногу успех, сопствиците на ваквите билети бесплатно ги гледаа натпреварите и на овој Мундијал. Сега овој стадион ќе стане единствениот во историјата кој третпат ќе биде дел од Светско првенство, вкупно досега на „Азтека“ се одиграа 19 мундијалски натпревари. Според планираното, летово ќе бидат одиграни уште пет меѓу кои и првиот меѓу Мексико и Јужна Африка.
ФИФА и сега се обидува да добие контрола над споменатите билети, меѓутоа сопствениците си го бараат своето право.
„Нашата асоцијација ги тужеше плановите на ФИФА и стадионот „Азтека“ и победивме. Нашите места во ложите и на трибините ќе бидат почитувани. Нема да платиме ништо“, изјави генералниот секретар на здружението Роберто Руано Ортега.
Но, на само две недели пред отворањето на Светското првенство, сопствениците сè уште ги чекаат своите електронски билети. Според Ортега, тие требало да бидат доставени уште минатиот петок.
„Ако не ни дозволат влез, ќе поднесеме жалба и ќе побараме од судот дозвола за примена на сила за да ги оствариме нашите права“, порача тој.






