Александер Зверев е победникот во тенис во машка сингл конкуренција на Олимписките игри во Токио.
Тој за еден час и 20 минути, со само четири загубени гејма го победи Русинот, Карен Качанов.
Првиот сет го доби со 6-3, вториот со 6-1 и дојде до златниот медал.
Бронзата е во рацете на Карењо Буста кој синоќа беше подобар од Новак Ѓоковиќ.






