Макс Верстапен и Ред Бул ќе имаат полни раце работа пред утрешната трка на „Хунгароринг“, Мерцедес попладнево доминираше во квалификациите.
Луис Хамилтон стигна до пол-позиција откако постави фантастично време во првото излегување во третата сесија од квалификациите, Британецот имаше постигнување од 1:15.419, кое беше недостижно за ривалите.
Валтери Ботас со време од 1:15.734, утре ќе стартува покрај својот тимски колега во првиот ред, додека пак Макс Верстапен стартува од позицијата број три откако попладнево не можеше да им парира на возачите на Мерцедес и имаше време од 1:15.840.
Потоа следуваа Серхио Перез, Пјер Гасли, Ландо Норис, Шарл Леклер, Естебан Окон, Фернандо Алонсо и Себастијан Фетел.






