петок, 22 мај 2026

Верстапен ги запали сопирачките за да го претекне Хамилтон на стартот и да победи на првата спринт трка (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Формула 1 оваа година на три трки ќе експериментира со изгледот на ГП викендите, синоќа наместо два слободни тренинзи, имаше еден слободен тренинг и квалификации за спринт трка. Денеска беше одржан вториот слободен тренинг и спринт трка од 17 круга, според која ќе се одреди стартот на утрешната трка.

Луис Хамилтон синоќа беше најбрз во квалификациите, но Макс Верстапен беше тој кој денеска се радуваше на победа. Холанѓанецот ја запали левата сопирачка на стартот, но тоа му помогна да го претекне својот лут ривал уште во првиот свиок. Потоа следуваше жестока потера до крајот на првиот круг, Британецот се обиде да си ја врати лидерската позиција, но Холанѓанецот одлично се одбрани.

Во продолжението, Макс Верстапен одржуваше безбедна предност и мина прв низ целта, за три бода и старт од пол позиција на утрешната трка. Луис Хамилтон мораше да се задоволи со два бода и старт од втората позиција, додека пак Валтери Ботас освои еден бод и старт од третата позиција.

Потоа следуваа Леклер, Норис, Рикардо, Алонсо, Фетел, Расел и Окон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ