сабота, 25 април 2026

Трка за паметење: Норвежанецот Вархолм со нов светски рекорд до злато на 400 метри со пречки (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во трка за паметње, и според многумина една од најдобрите во историјата на атлетиката, Карстен Вархолм и Рај Бенџамин водеа голема битка до самиот крај, но Норвежанецот беше тој кој имаше повеќе сили и мина прв низ целта. 

Карстен Вархолм не само што стигна до златото, успеа да постави нов светски и олимписки рекорд, на семафорот стоеше времето од 45.94 секунди. 

Норвежанецот стана првиот човек кој оваа делница успеа да ја истрча за помалку од 46 секунди, и ова постигнувањеа беше за 76 стотинки подобро од претходното, кое исто така беше во сопственост на Карстен Вархолм. 

„Во последните 20 метри не ги чувствував нозете, едноставно трчав како да ми зависи животот. Бев подготвен да умрам за златото. Секоја чести за Рај, истрча 46.17, ова е лудост“ – рече Вархолм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ