Сите три спринтерки кои дојдоа до медал на 100 метри се од Јамајка, а победи Томпсон-Хера со нов олимписки рекорд, 10,61 секунди. Тоа е второ најдобро време во историјата на оваа дисциплина.
Втора беше Шели Ен Фрејзер-Прајас која истрча 10,74 секунди, трета беше Шерка Џексон со време од 10,76.






