сабота, 25 април 2026

САД со светски рекорд го освоија златото во штафетата на 4х100 метри мешано

Објавено на

часот

Сподели

Американците во состав Рајан Марфи, Мајкл Ендрју, Кејлеб Дресел и Зек Ејпл делницата ја исплива за време од 3:26,78 минути, што е подобро за 50 стотинки од светскиот рекорд кој беше поставен во 2008 година исто така од Американците тогаш предводени од легендарниот Мајкл Фелпс.
 
Среброто го освоија Британците, а бронзата им припадна на италијанската штафета.
 
Кејлеб Дресел ќе биде најтрофејниот пливач во Токио откако успеа да освои пет златни медали.
 
Женската австралиска штафета на 4х100 метри победи во неизвесна трка. Тимот во состав Кајли Мекион, Челси Хоџинс, Ема Мекион и Кејт Кемпбел постави нов олимписки рекорд, делницата ја мина со време од 3:51.60 минути.
 
Вторто место го освои САД, третото Канада.
 
Неверојатен настап во Токио имаше Ема Мекион која освои дури седум медали и стана само втората жена на која тоа и успеала на една Олимпијада, таа го израмни рекордот на Марија Гороховскаја од 1952 година.
 
Од седумте медали четири и се златни, три бронзени.  
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ