Николовски на заедничка прес конференција со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојоски, рече дека по доставени преставки до неговиот кабинет, истражувале криминал во две спортски федерации, Боречката и Скијачката.
„Борбата против корупцијата е на секое ниво, потврда за тоа се двата случаи за нерегуларности во работењето на Боречката и Скијачката федерација. Оваа Влада е цврсто одлучна да ставиме крај на ова зло во секоја област па и во спортот! Нема место за корупција во спортот и федерациите мора да го почитуваат законот“, вели Николовски.
„Координативната активност со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, јасно ги покажува нашите заложби за борбата против корупцијата и e индикатор за успешна меѓуинституционална соработка“.
„По доставените претставки до мојот кабинет за работата на Боречката и Скијачката федерација, со директорот Мојсоски и вработените во Агенцијата за млади и спорт, одржавме неколку состаноци, активирајќи ги сите механизми и алатки на располагање за темелно испитување на состојбите и злоупотребите наведени во претставките и нивно понатамошно процесуирање“.
„Целокупната документација доставена од подносителите против Боречката федерација, од страна на мојот кабинет е доставена до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“.
„Овие заеднички и координирани активности се доказ дека нема недопирливи, истовремено и јасна порака дека секаде, во секоја институција каде што ќе се утврди незаконско постапување, злоупотреби и корупција, неселективно ќе се постапува“.
Борбата за превласт во помалите спортски федерација е постојана, со такви проблеми не се соочуваат само Боречката и Скијачката федерација, туку и Пливачката, Авотмобилистичката…






