Навозбудливата атлетска дисциплина, трката на 100 метри му припадна на Италијанецот, Марсел Ламонт Џејкобс.
Тој делницата од 100 метри ја претрча за време од 9,80 секунди со што постави нов европски рекорд.
Зад него беше Фред Кирли од Америка кој го освои среброто, а бронзата оди за Канаѓанецот, Андре де Грас.
Интересно, Џејкобс денеска двапати го урна европскиот рекорд, прво во полуфналната трка која ја истрча за 9,84 секунди, а во финалето го подобри и тоа време.

Џејкобс победата ја прослави заедно со Италијанецот, Џанмарко Тамбери кој заедно со Катарецот, Баршим го поделија златото во скок во височина со прескокнати 2,37 метри. Бронзата ја освои Белорусинот, Максим Недосеков кој скокна исто така 2,37 метри, но повеќе пати ја бутна летвичката во претходните обиди.






