Ѓоковиќ го загуби денешниот меч за третото место од Карењо Буста, а потоа поради исцрпеност го предаде мечот во мешани двојки во кој со Нина Стојановиќ требаше да се борат исто така за бронза.
„Им се извинувам на сите во Србија кои ги разочарав. Знам дека многумина очекуваа медали од мене, очекував и јас. Жал ми е за Нина, но телото потполно ми откажа. Играв под лекови и болки и со ненормална исцрпеност. Се надевам дека повредите нема да ме спречат да играм на УС опен, затоа што не е во прашање само една повреда“, изјави Ѓоковиќ.
„Но, срцето ми е на место, знам дека дадов се од себе. Сакам да играм за Србија, не успеав да донесам медал, но одиме понатаму“.






