Луис Хамилтон се радува на победа во Силверстоун а Макс Верстапен и Ред Бул ќе има што да кажат.
Во првиот круг дојде до голем инцидент, Британецот со своето лево предно тркало уди во задното десно тркало на Холанѓанецот во свиокот „Копс“, Макс Верстапен загуби контрола и се заби во заштитната ограда.
Веднаш беа покажани црвени знамија, трката беше прекината за да се поправи оградата и да се отстрани болидот а Макс Верстапен беше пренесен во болница на прегледи.
Шарл Леклер го искористи инцидентот за да избие на првото место, возачот на Ферари беше на чекор до победа, но на три круга пред крајот, токму на „Копс“ влезе малку пошироко и му овозможи на Луис Хамилтон да дојде до првото место и победа.
Британецот за сударот со Макс Верстапен доби само 10 секунди казна, која беше одработена во боксот, но останува да се види дали на зелена маса може да добие поголема сакнција и да остане без триумфот пред своите фанови.
Валтери Ботас се искачи на последното место на пиедесталот, а во бодови уште завршија Ландо Норис, Даниел Рикардо, Карлос Саинц, Фернандо Алонсо, Ленс Строл, Естебан Окон и Јуки Цунода.






