Дејан Георгиевски е нажата најголема олимписка надеж за медал во Токио, тој е европски првак од 2017 година, Македонецот цели на златен медал, но уште на стартот ќе има голема борба.
На 27 јули во периодот меѓу 3 и 4 часот по полноќ по македонско време, Дејан Георгиевски ќе се сретне со светскиот шампион, Кубанецот, Рафаел Алба.
Но, ниту Кубанецот не е среќен со ваквата ждрепка, Дејан Георгиевски на патот до ОИ го победи актуелниот олимписки шампион.
Рафаел Алба е фаворит на хартија, но нема да биде големо изненадување и ако Георгиевски победи.






