За првпат во Македонија ќе се одржи трка со пешадиски препреки, скокање преку вертикални ѕидови, качување по јаже, ползење низ кал, носење вреќи со песок, гаѓање со копје, трчање низ плитки потоци, стрмнини…
Организаторот ветува многу адреналин, забава, болка, но и задоволство. Настанот ќе се случува во Националниот парк Маврово во селото Леуново.
Стартот на трката ќе биде на самата брана на Мавровското езеро во село Леуново, од каде што се упатува кон шумите на Националниот парк.
Можни се пријавувања во три категории, мажи (над 18 години), жени (над 18 години) и екипно (минимум 4 натпреварувачи во тим).
Пријавување и повеќе информации за овој возбудлив настан можете да најдете на овој ЛИНК.






