сабота, 25 април 2026

Арбреша Реџепи нема да го носи знамето на Македонија, мора да оди во изолација

Објавено на

часот

Сподели

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) од оваа олимпијада поради рамноправност на половите донесе правило од секоја земја да има по двајца знаменосци, спортист и спортистка.
 
Но, Арбреша Реџепи ќе мора да оди во изолација и нема да може да присуствува на свечената церемонија.
 
„Арбреша Реџепи заради близок контакт со заразен (позитивен случај) на ковид-19 е во делумна изолација и таа нема да може да присуствува на церемонијата на отварање на игрите.
Со самото тоа Арбреша Реџепи, заради правилата на ИОК, нема да може да го носи македонското знаме на церемонијата на отварањето на Олимписките игри ТОКИО 2020. 
Сепак, таа со посебен транспорт обезбеден од страна на МОК оди на тренинг и секако ќе има право да настапи на Олимпискиот џудо турнир на Олимписките игри ТОКИО 2020. 
Инаку Арбреша Реџепи во првото коло на Олимпискиот џудо турнир ќе се бори против Жил Челзи, од Велика Британија“, се вели во соопштението на Македонскиото олимписки комитет.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ