Новиот суперлигаш потврди дека започнува со голема реконструкција на тимот, а дури десет фудбалери добија известување дека нема да останат во клубот. На листата се најде и Чурлинов, чија авантура во Турција завршува по само една сезона.
Крилниот напаѓач одигра 12 натпревари во дресот на Кочаелиспор, но не успеа да се наметне како стандарден првотимец, па раководството реши да направи промени во играчкиот кадар пред настапите во елитното турско првенство.
25-годишниот македонски репрезентативец во Кочаелиспор пристигна од полска Јагјелонија, а во текот на кариерата настапуваше и за Штутгарт, Келн, Шалке 04 и Барнли.
За македонската репрезентација досега има 33 настапи и четири погодоци.






