четврток, 18 јуни 2026

Англија ѝ даде четири гола на Хрватска на стартот од Светското првенство (ВИДЕО)

Англија имаше моќен старт на Светското првенство, Англичаните ѝ дадоа четири гола на Хрватска, победија со 4-2.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Серијата погодоци ја почна Кејн со гол од пенал. Прекршокот го направи Лука Модриќ кој несмасно го удри Мадуеке. Ливаковиќ го одбрани првиот удар, но пеналот беше преновен откако хрватски фудбалери влегоа прерано во шеснаесетникот. Англискиот напаѓач не грешки двапати и од вторпат погоди за водство од 1-0.

Во 36. минута Батурина даде гол и изедначи на 1-1.

Само шест минути подоцна Англија го врати водството. Хари Кејн беше оставен сам во шеснаесетникот при еден корнер, напаѓачот погоди со глава за предност на Англија од 2-1.

Пред самиот крај на првиот дел, Муса постигна гол за 2-2. Тоа беше резултатот од првото полувреме.

По две минути игра во вториот дел, Белингем даде гол за ново водство на Англија, овојпат од 3-2.

Точка на мечот стави Рашфорд со гол во 85. минута од натпреварот.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ