понеделник, 11 мај 2026

Андреј Тодороски игра во одлична форма, даде нов гол за ТСЦ (ВИДЕО)

Македонецот Андреј Тодороски продолжува да блеска во дресот на ТСЦ и беше еден од најзаслужните за убедливата победа над Јавор од 6-1 во српската Суперлига.

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија ја продолжи фантастичната серија и стигна до шестиот погодок на последните пет натпревари. Формата на Тодороски трае уште од април кога погоди против Напредак, а потоа по двапати ја тресеше мрежата на Спартак Суботица и Раднички.

Против Јавор, 27 годишниот офанзивец го отвори резултатот уште во осмата минута, а до крајот на првото полувреме запиша и асистенција во доминантното издание на неговиот тим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ