Си-ен-ен пренесува дека американското Биро за финансиска заштита на потрошувачите (ЦФПБ) ѝ наложило на Банката на Америка поради тоа да им плати над 100 милиони долари на клиентите, како и казна од 90 милиони долари.
Шефот на ова биро, Рохит Чопра, кажа дека постапките на Банката на Америка се „нелегални“, и дека „ја поткопуваат довербата на потрошувачите“.
„ЦФПБ ќе стави точка на оваа пракса во целиот банкарски систем“, истакна Чопра.
И Канцеларијата на контролорот на валути ѝ наложи на Банката на Америка да плати казна од 60 милиони долари.
Си-ен-ен наведува дека некои од обвиненијата личат на скандалот со американската банка Велс Фарго од минатата деценија, кога банката, меѓу другото, отворала милиони банкарски сметки без согласност на клиентите.





