понеделник, 17 ноември 2025
Подвиг во инженерството

Мега структура што се протега низ морското дно и поврзува два континента (ВИДЕО)

Изграден на длабочина од 106 метри во најдлабоката точка и долг пет километри, Евроазискиот тунел беше отворен во 2016 година.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Босфорскиот тунел, познат и како Евроазиски тунел, се наоѓа во Истанбул, Турција.

Се протега под теснецот, на максимална длабочина од повеќе од 106 метри, пренесува Н1.

Овој патен тунел ја поврзува европската страна на Истанбул (населба Казличешме) со азиската страна (населба Ѓозтепе). Паралелно со него поминува тунелот Мармарај, железничка врска меѓу континентите. Евроазискиот тунел поминува под Босфорскиот теснец.

Проектот придонесе за намалување на сообраќајниот метеж во најголемиот турски град и овозможи алтернатива на траектите за преминување на Босфор. Тунелот има повеќе безбедносни системи, два нивоа и е проектиран да издржи сеизмички активности, бидејќи Истанбул се наоѓа на Северноанадолски расед – една од најактивните тектонски зони во светот.

Покрај модернизација на мобилноста и поттикнување на трговијата, проектот се издвојува како втор тунел што поврзува два континента, по Мармарај.

Новата рута, исто така, го намалува времето за минување на Босфор од околу 100 минути на само 15. Тунелот има дијаметар од 14 метри и четири сообраќајни ленти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ