петок, 7 ноември 2025

Македонија на Светскиот културен фестивал во Индија, порака на  љубов, хуманост и единство

Македонија беше успешно претставена на Светскиот културен фестивал во Шри Сатја Саи Грама, Мудденахалли, Индија, во организација на Здружението „Еден свет – едно семејство“ од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Настанот ги обедини народите од целиот свет под мотото „Еден свет – едно семејство“, инспирирано од Садгуру Шри Мадхусудан Саи, кој со своето учење ја нагласува универзалната љубов, хуманост и заедништво меѓу сите луѓе.

„Поврзани со невидливите нишки на љубов и грижа, треба да живееме во единство со нашиот Создател и едни со други.“

На фестивалот  беше доделена престижната „One World One Family Humanitarian Award 2025“ на Ирена Велкоска, координатор во Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари. Нејзината љубов, пожртвуваност и грижа за најранливите беа препознаени и одликувани со ова високо меѓународно признание.

Посетителите со голем интерес ја проследија видео-презентацијата за Македонија, во која беа прикажани нејзините географски, културни и духовни убавини, како и хуманитарното наследство на личности како Мајка Тереза, Есма Реџепова-Teодосиевска и Тоше Проески.

Во рамки на презентацијата беше претставен и проектот „Хумана Македонија“, кој ги обединува хуманитарните активности на здружението „Еден свет – едно семејство“ со делувањето и на други организации и иницијативи како: Банка за храна Македонија, Црвен крст на град Скопје, Легис, Вистински дела на љубезност, Ways2Help, Suna Healthy Life, Дневниот центар за деца од улица, Дојаконија и Саи организацијата Македонија.

Како завршница на претставувањето, групата „Синтезис“ ја претстави Македонија со својата препознатлива традиционална музика, која предизвика бурен аплауз и воодушевување кај публиката.

„Нашата мисија е да го прикажеме човечкото лице на Македонија – земја на љубов, добрина и единство. Во време кога светот има потреба од повеќе разбирање и соработка, ние веруваме дека хуманоста е јазик што сите го разбираме“, изјавија од здружението „Еден свет – едно семејство“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ