петок, 14 ноември 2025

Ким Кардашијан изнесе шокантна теорија за слетувањето на Месечината: Шефот на НАСА веднаш одговори (ВИДЕО)

Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) одговори на коментарите на ѕвездата на реално шоу Ким Кардашијан. Американската старлета изрази сомнежи во најновата епизода од реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“ дека мисијата Аполо 11, за време на која астронаутите Нил Армстронг и Баз Олдрин станаа првите луѓе на Месечината, навистина се случила.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Да, сме биле на Месечината порано… шест пати“, напиша на социјалните мрежи вршителот на должноста администратор на НАСА, Шон Дафи, отфрлајќи ги тврдењата на Кардашијан, пренесува Би-би-си.

Во најновата епизода, Ким Кардашијан ѝ кажува на својата пријателка Сара Полсон дека мисли дека слетувањето на Месечината „не се случило“ и дека било лажно. Таа се осврна на наводни цитати од Баз Олдрин. Слични цитати од вториот човек на Месечината често се појавуваат на интернет, но досега сите се побиени како лажни или извадени од контекст.

По емитувањето на епизодата, Дафи, кој истовремено е и министер за сообраќај на САД, ја означи Ким Кардашијан на мрежата Икс, ги отфрли нејзините тврдења и ја промовираше програмата за истражување на НАСА, потсетувајќи дека Америка веќе ја добила вселенската трка и сака повторно да го предводи истражувањето на Месечината.

Таа одговори споменувајќи ја меѓуѕвездената комета 3И/АТЛАС, по што Дафи ја покани да го посети вселенскиот центар Кенеди за лансирањето на мисијата Артемис на Месечината.

Со децении, експертите ги побиваат теориите на заговор за лажно слетување на Месечината, објавува Би-би-си. Институтот за физика истакнува дека сите аргументи дека НАСА наводно ја фалсификувала мисијата Аполо 11 се дискредитирани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ