Листата вклучува градови кои се издвојуваат, меѓу другото, по иновации, култура и гостопримство, пренесува ДПА.
Франкфурт ќе биде светска престолнина на дизајнот во 2026 година, а авторите на британскиот луксузен магазин пишуваат дека токму тогаш е совршено време за посета. Планирани се повеќе од 200 настани.
Се споменува и отворањето на Еврејската академија следната година, со што во областа Вестенд ќе се создаде значаен центар за образование, размена и култура.
Франкфурт – наречен европски Менхетн поради својот панорамски изглед – нуди, како што се наведува, многу повеќе од банки и берза.
„Тоа е град на контрасти со изненадувачки шарм, метропола каде што сè уште се зборува локалниот дијалект, светски град во џебен формат.“
Франкфурт е родниот град на Гете и местото каде што се создаде техно сцената, како и една од најдобрите гастрономски дестинации во Германија.
Меѓу другите препораки се Хонг Конг и Брисел – „често занемарена европска престолнина“, како што се вели во описот.
Исто така се споменати грчкиот полуостров Пелопонез и архипелагот Нова Каледонија во Јужниот Пацифик.






