сабота, 15 ноември 2025

ЗНАМ со порака до СДСМ: Излезете од канџите на муртинските коруптивни мрежи

Додека СДСМ зборуваат за „најсилна опозициска партија“, граѓаните во првиот круг од локалните избори зборуваат преку бројки – а бројките за нив се запрепастувачки, се наведува во денешното соопштениа на ЗНАМ.

Објавено на

часот

Сподели

СДСМ, под актуелното раководство, го доживеа најголемиот изборен пораз во својата историја, велат од ЗНАМ.
„Нивните кандидати за градоначалници беа избришани уште во првиот круг во повеќе општини, и тоа во Куманово, нивниот ‘чесен и докажан’ кандидат Мартин Костовски, не успеа да влезе ниту во вториот круг и заврши на срамното четврто место, додека нивниот кандидат за градоначалник во Центар, Горан Герасимовски, ќе биде убедливо поразен во вториот круг. Толку за нивните ‘планови, ‘сила’ и ‘рејтинг’. Ја разбираме потребата на ова раководство на СДСМ да се обиде политички да преживее дури и по ваков дебакл на локалните избори. Но, она што се случи е доказ дека СДСМ повеќе не е партија, најмалку ‘најсилна опозициска партија’, туку распаѓачки остаток од некогашен систем што живее само на инерција и старо име“, велат од ЗНАМ.
За ЗНАМ,  СДСМ е политички труп што глуми живот додека се гуши под тежината на сопствениот криминал и лаги, без визија, без морал.
„Колку и да се обидуваат да ја префрлат вината, фактите се сурови: СДСМ не изгуби поради ВМРО ДПМНЕ, ниту поради ЗНАМ – изгуби поради себе, поради ароганцијата, криминалот и отуѓеноста од народот. Изгуби затоа што одамна ги заменија идеологијата и вредностите со личните интереси! Движењето ЗНАМ не е ничиј тројански коњ, ниту придружна партија во туѓи игри. ЗНАМ расте, и тоа благодарение на граѓаните што веруваат дека чесноста, принципите и работа во нивен интерес сè уште имаат смисла. На овие локални избори ЗНАМ ги оствари зацртаните политички цели,ја потврди стабилизацијата на своето гласачко тело и покажавме дека политиките што ги водиме се во вистинска насока“, велат од ЗНАМ.
Од партијатна на СДСМ ѝ порачаа да се ресетира и да „излезе од канџите на муртинските коруптивни мрежи кои ги држат заробени“.
„Ослободете се од продолжената рака на Заев, Венко Филипче и криминалците што ја претворија партијата во приватна фирма и политички сервис на неколкумина. Го изгубивте целосно достоинството, ја изгубивте довербата и контактот со народот!“, велат од ЗНАМ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ