Ауди кју 5 е прогласен за Најпосакуван автомобил во Македонија на годинешното издание на „Златно Тркало – национален избор за најпосакуван автомобил“. Ова признание претставува силна потврда за довербата и интересот што македонската публика го има кон овој премиум SUV модел, велат организаторите.
„Златно Тркало“ претставува уникатен концепт на избор, каде што победникот го одредуваат самите љубители на автомобили – преку онлајн гласање, отворено за јавноста. На овој начин, резултатите директно го одразуваат вистинскиот интерес и желби на пазарот.
Audi Q5 повеќе од 15 години е еден од најуспешните SUV модели во сегментот со средна големина во Европа и Германија. Со најновата генерација, ауди дополнително ја зацврстува оваа позиција, носејќи уште поизразен дизајн, напредна технологија и подобрена ефикасност. Новата генерација на Audi Q5 е првиот SUV модел базиран на Premium Platform Combustion (PPC) – платформа која овозможува високи технички стандарди, флексибилност и развој на модели со уникатен карактер. Моделот е придвижуван од современи бензински и дизел мотори, дополнително оптимизирани со MHEV plus технологија, која обезбедува подобра ефикасност и пониска потрошувачка.
Дополнително, новата генерација ја надополнува и спортската верзија Audi SQ5, додека во блиска иднина, гамата ќе се прошири и со plug-in хибридни модели.
Со интеграцијата на новата електронска архитектура E³ 1.2, Audi Q5 ги носи најновите можности за поврзување и дигитализација, поставувајќи нови стандарди во сегментот на премиум SUV возила.
Освојувањето на оваа престижна награда уште еднаш ја потврдува позицијата на Audi Q5 како модел кој совршено ги комбинира дизајнот, перформансите и иновативната технологија – токму она што го бараат современите возачи.






