петок, 14 ноември 2025
Локални избори 2025

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова, денеска го оствари своето право на глас во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје. По гласањето, Зајкова ги повика граѓаните да го искористат своето најмоќно демократско право – правото на глас.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Денес ја исполнив мојата граѓанска обврска и го дадов својот глас за развој и подобра иднина на нашите општини и на Град Скопје. Важно е да одлучуваме разумно и одговорно, со мисла за иднината на нашите заедници. Посакувам победа на кандидатите со визија – на оние што нудат реални решенија, проекти и резултати за граѓаните“, порача Зајкова и додаде дека е време да сведочиме на вистински развој, а не на блокади и изговори кои ја кочат државата и ги чинат граѓаните милиони.

„Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас“, заклучува Зајкова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ