понеделник, 20 април 2026

Вреди со остри обвинувања кон ДУИ: Партијата штити криминал, а не народ

Коалицијата Вреди упати сериозни обвинувања кон Демократска унија за интеграција (ДУИ), тврдејќи дека партијата повеќе не ги брани интересите на граѓаните, туку, како што наведуваат, исклучиво штити криминалци блиски до партиското раководство предводено од Али Ахмети.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението од Вреди наведуваат дека додека институциите, според нив, конечно го „расплетуваат деценискиот криминален јазол“, ДУИ се враќа на, како што велат, „ширење лажни вести и глумење политичка жртва“.

Од коалицијата оценуваат дека јавноста веќе не им верува на ваквите наративи, додавајќи дека „времето кога криминалот се криеше зад националното знаме е неповратно завршено“.

Во соопштението се изнесуваат и обвинувања дека ДУИ имала блиски врски со Сашо Мијалков, при што, како што се наведува, „во тесни кругови се договарале бизниси што ги збогатиле нивните фамилии“.

Посебно се критикува Бујар Османи, за кого од Вреди тврдат дека не е „европски политичар, туку политички профитер“, повикувајќи се на наводи поврзани со Специјално јавно обвинителство.

На мета на критики е и Блерим Беџети, за кого велат дека е „симбол на заробената правда“.

Од Вреди тврдат дека нападите кон Изет Меџити се обид да се дефокусира јавноста, додавајќи дека, според нив, токму кадри на ДУИ се соочуваат со откривање на злоупотреби вредни над 700.000 евра.

Во соопштението се наведува и дека ДУИ „функционира како адвокатска канцеларија на подземјето“, обвинувајќи дека обичните граѓани се сведени на гласачка бројка, додека функционерите служат за заштита на личниот капитал на партиското раководство.

Од Вреди порачуваат дека нема да дозволат корупцијата да се прикрива со патриотски пораки и дека „времето на неказнивост завршува“, оценувајќи дека актуелните реакции на Ахмети, Османи и Беџети се доказ дека „правдата конечно тропнала на нивната врата“.

„Ние продолжуваме со редот и законот, а нив ги оставаме да се дават во сопствените лаги“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ