вторник, 21 април 2026

Вреди: Постигната е согласност за реформите во високото образование

Вреди соопшти дека на денешната средба со партнерите од владејачката коалиција е постигната целосна согласност за финалната верзија на пакет-законите за реформи во високото образование, оценувајќи го тоа како значаен чекор кон пофер, поквалитетен и поинклузивен систем.

Објавено на

часот

Сподели

Од партијата наведуваат дека реформите не претставуваат само законски измени, туку конкретна заложба за изградба на одржлива и конкурентна академска иднина. Како една од клучните мерки ја посочуваат одлуката за укинување на Х-индексот како основен критериум за избор на академски кадар, што според нив, ќе овозможи побалансирано и меритократско вреднување.

Вреди уверува дека со предложените измени ниту еден вработен нема да го изгуби работното место, туку ќе се воспостават нови механизми за поттикнување на професионалниот развој и напредувањето на академскиот кадар. Дополнително, се предвидува и поголема автономија на универзитетите со цел унапредување на нивниот квалитет и развој.

Во процесот на подготовка на законите, како што информираат од Вреди, биле одржувани континуирани консултации со ректори и професори, при што барањата на универзитетите, особено на оние на албански јазик, биле директно вклучени во реформските решенија.

Според нив, новите правила за рангирање на универзитетите за организирање трет циклус на студии ќе овозможат само најдобрите институции да ги спроведуваат овие програми, со што ќе се подигне квалитетот на високото образование. Универзитетите на албански јазик, додаваат од партијата, ќе бидат активен и конкурентен дел од овој процес.

Вреди потенцира дека со законските измени универзитетите на албански јазик нема да бидат оштетени или маргинализирани, туку ќе имаат рамноправна позиција со сите други високообразовни институции во државата.

Како пример за поддршката, од партијата ја посочуваат инвестицијата од околу 40 милиони евра за кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, со цел, како што наведуваат, овие институции да станат поконкурентни на национално и меѓународно ниво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ